Елко-инг 30 години одговорност и сигурност!

Елко-инг 30 години одговорност и сигурност!

30 години нудиме услуги во електроенергетиката од изведба на трафостаници, далекуводи и електроенергетски инсталации.

Акредитирано инспекциско тело

Акредитирано инспекциско тело

Едно од најстарите инспекциски тела во Македонија. Вршиме инспекција на електроенергетски постројки, електрични производи и уреди, системи за громобранска заштита, заштитно заземјување, нисконапонски електрични инсталации, работна средина, степен на заштита обезбедена од куќишта (ознака IP), антистатички подови, јачина на електромагнетно поле и квалитет на електрична енергија.

Безбедност и здравје при работа

Безбедност и здравје при работа

Ги вршиме сите услуги од областа на безбедност и здравје при работа.

За нас

Елко-Инг Дооел е компанија основана во 1991г со 100% приватен капитал. Основна дејност на компанијата е давање на услуги во електроенергетиката, вклучувајќи проектирање, надзор, ревизија и изведба на објекти, како и услуги од областа на енергетската ефикасност, безбедноста при работа и противпожарната заштита.

Компанијата ги поседува потребните лиценци за проектирање, надзор, изведба и ревизија од областа на елетроенергетиката, издадени од Министерството за транспорт и врски на РМ. Елко-Инг преку својата подружница Елко-инг Инспекциско тело Струмица е акредитирано инспекциско тело (ИТ 019) за мерење и контрола на нисконапонски електрични инсталации, среднонапонски инсталации и параметри на околината. Елко-Инг во 2006г. има воведено систем за управување со квалитет EN ISO 9001:2000, а во 2009г. има  добиено сертификат за акредитација (инспекциско тело) од ИАРМ;

Ние ја цениме разноликоста на нашата работа, нашите добавувачи и нашите клиенти. Ние работиме заедно, во партнерство со нашите клиенти и даваме сигурни решенија. Секогаш сме посветени да дадеме услуги со високо ниво на визија, интегритет, иновативност и квалитет коишто ги достигнуваат и надминуваат очекувањата на клиентите. Нашата мисија е да бидеме првокласна, интегрирана енергетска компанија која нуди услуги преку постојано пренесување на знаење и искуство од енергетскиот сектор.

Со почит, Елко-Инг

Елко-инг Струмица